свет

На Каталонија денес ѝ истекува рокот да се изјасни за независноста

На лидерот на регионалната влада во Каталонија, Карлес Пуџдемон, денес му истекува рокот да се изјасни дали прогласил независност на тој шпански регион или не

Alma Çekovic  | 19.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
На Каталонија денес ѝ истекува рокот да се изјасни за независноста

Madrid

МАДРИД (АА) - На лидерот на регионалната влада во Каталонија, Карлес Пуџдемон, денес му истекува рокот да се изјасни дали прогласил независност на тој шпански регион или не, јавува Anadolu Agency (AA).

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, на каталонскиот претседател му даде рок до денес да се изјасни дали прогласил независност за Каталонија. 

Националната влада во Мадрид се заканува дека ќе преземе чекор без преседан, со кој делумно или потполно ќе ја преземе контролата врз полуавтономниот регион доколку Пучдемон продолжи по својот пат кон сецесија.

Таквата реакција на централната влада веројатно би предизвикала експлозија на незаводоволство во Каталонија, а изворите од каталонската влада предупредија дека Пучдемон официјално ќе прогласи независност на тој регион доколку Шпанија започне процес на суспендирање на автономијата.

По референдумот одржан на 1 октомври, каталонскиот лидер потпиша декларација за независност, но подоцна ја суспендираше нејзината примена барајќи дијалог со официјален Мадрид, потсетува „BBC“ (Би-би-си).

Каталонската влада соопшти дека повеќе од 90 отсто од лицата што излегоа на референдумот се изјасниле за отцепување од Шпанија, а пак централната влада во Мадрид референдумот го прогласи за неуставен. Излезноста на референдумот изнесуваше 43 отсто.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın