свет

На третина од јазиците во светот им се заканува исчезнување

Меѓу четири и пет илјади од 7.100 јазици што се користат денес, се важни за одредени географски области и имаат статус на локални, со оглед на тоа што е тешко можат да се најдат на повеќе од една област во светот

Meltem Bulur  | 20.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
На третина од јазиците во светот им се заканува исчезнување

Ankara

АНКАРА (АА) - Од 7.100 јазици, колку што денес се зборуваат во целиот свет, повеќе од 2.500 од нив се соочуваат со опасност од истребување, јавува Anadolu Agency (AA).

Податоците на Обединетите нации (ОН) до кои дојде новинарот на АА покажуваат дека пред многу векови имало речиси двојно повеќе јазици. Речиси половина од тие јазици исчезнале од различни причини.

Меѓу четири и пет илјади од 7.100 јазици што се користат денес, се важни за одредени географски области и имаат статус на локални, со оглед на тоа што е тешко можат да се најдат на повеќе од една област во светот.

Дури 80 проценти од околу 7.100 јазици што се зборуваат денес ги користат помалку од 100.000 лица, а речиси половина од нив ги зборуваат помалку од 2.500 лица.

Во најголема употреба е мандаринскиот кинески јазик, а по него следуваат шпанскиот, англискиот и арапскиот јазик.

Кинескиот јазик е официјален јазик само во Кина, но исто така, се зборува во Канада, Малезија, на Нов Зеланд, во Сингапур, Виетнам и во други земји.

Шпанскиот јазик е официјален јазик во 20 земји, меѓу кои се Аргентина, Еквадор, Гватемала, Мексико, Перу, Шпанија, Уругвај и Венецуела.

Покрај тоа, шпанскиот може да се слушне и во Тринидад и Тобаго, САД и во Канада.

Англискиот е светски јазик, кој е официјален во повеќе од 40 земји, но е исто така јазик што се зборува во многу земји и се предава низ целиот свет и е еден од главните јазици за комуникација во дипломатскиот свет и во светот на бизнисот.

Арапскиот јазик е официјален јазик во повеќе од 20 земји, но исто така, се зборува во Австралија, Канада, Иран, Панама и во други земји.

Во 20 земји, меѓу кои Канада, Франција, Луксембург, Мали, Монако, официјален јазик е францускиот јазик, кој се зборува и во Мароко, Италија, на Нов Зеланд и во други земји.

Исто така, се претпоставува дека во последните три генерации, во светот исчезнале повеќе од 200 јазици.

Еден од десет јазици, меѓу кои и кинескиот, шпанскиот, англискиот и францускиот се мајчин јазик или спореден јазик што го користи повеќе од половина од светската популација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın