свет

Невреме на југот на САД, загинаа најмалку 15 лица

Невремето пропратено со силни дождови и силни ветрови предизвика најмногу штета во сојузните држави Џорџија, Мисисипи и Алабама во кои се уништени десетици згради

Selçuk Acar  | 23.01.2017 - Обновена : 23.01.2017
Невреме на југот на САД, загинаа најмалку 15 лица

New York

ЊУЈОРК (АА) - Во последните 48 часа во невремето што го зафати јужниот дел на Соединетите Американски Држави (САД), загинаа најмалку 15 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Невремето пропратено со силни дождови и силни ветрови предизвика најмногу штета во сојузните држави Џорџија, Мисисипи и Алабама во кои се уништени десетици згради.

На тоа подрачје во изминатите два дена загинаа најмалку 15, а повредени се 30 лица. Најмногу беа погодени жителите на Џорџија, во која животот го загубија 11 лица.

Гувернерот на таа држава, Натан Дил прогласи вонредна состојба во една од административните единици.

На подрачјето на јужниот дел на САД од невремето погодени се речиси пет милиони луѓе.

Новоименуваниот американски претседател Доналд Трамп имал телефонски разговор со гувернерите на Џорџија и Флорида и ветил дека ќе им помогне во справувањето со последиците од невремето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın