свет

Нигерија: Во бродолом смртно настрадаа 12 лица, четворица се спасени

Локалните власти изјавија дека не е познато колку патници имало на бродот што потона

Gökhan Kavak  | 21.08.2017 - Обновена : 22.08.2017
Нигерија: Во бродолом смртно настрадаа 12 лица, четворица се спасени Фото: Илистрација

Abuja

АБУЏА (АА) - Дванаесет лица загинаа во бродолом што се случи во сојузната нигериска држава Лагос, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорката на Канцеларијата за водни патишта во Лагос (ЛАСВА), Абисола Камсон, изјави дека бродот кој од 20 август испловил од нелегалното пристаниште во Илаше, превезувал товар поголем од дозволенoто.

Спасувачките екипи успеаја да спасат четири лица, но пронајдоа 12 тела.

Портпаролот на Агенцијата за вонредни ситуации (НЕМА), Ибрахим Фаринло, за АА изјави дека не е познато колку патници имало на бродот. Тој додаде дека ниеден патник не користел елек за спасување.

Започната е истрага за несреќата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın