свет

Нигерија: Четири лица загинаа во напад на конвој на Светската програма за храна

„Овој напад покажува дека милитантите во тој регион и понатаму претставуваат главна закана за безбедноста, без разлика што нигериските власти тврдат дека милитантите на Боко Харам се поразени“

Rafiu Oriyomi Ajakaye  | 18.12.2017 - Обновена : 19.12.2017
Нигерија: Четири лица загинаа во напад на конвој на Светската програма за храна

Lagos

ЛАГОС (АА) - Најмалку четири лица се убиени во напад врз конвој на организацијата на Светската програма за храна (WFP) во кризниот североисточен дел на Нигерија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Светската програма за храна може да потврди дека вооружената група изврши напад на конвој со кој оваа организација со изнајмени камиони, придружувани од страна на нигериската армија, транспортираше хуманитарна помош. Нападот се случил во саботата во близина на местото Нгала во нигериската провинција Борно“, изјави утринава портпаролот на Светската програма за храна Адедеџи Адемигбуџи.

Четири лица загинаа во нападот, вклучувајќи и двајца возачи на организацијата на Светската програма за храна.

„Овој напад покажува дека милитантите во тој регион и понатаму претставуваат главна закана за безбедноста, без разлика што нигериските власти тврдат дека милитантите на Боко Харам се поразени“, рече портпаролот на организацијата на Светската програма за храна, Адемигбуџи.

Боко Харам е терористичка организација која во Нигерија, на почетокот на 2000 година, ја основа екстремистот Мухамед Јусуф за борба против сите видови западни култури, особено во образовниот систем на Нигерија.

Јусуф под нејасни околности почина во затвор во 2009 година, а Боко Харам ги интензивираше терористичките активности и стана глобална терористичка закана.

Таа сега делува во Нигерија, Камерун, Бенин, Чад и Нигер.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın