свет

Нови безбедносни мерки за туристи во Париз

Од полицијата во Париз потсетија дека градот во претходните години го посетуваа повеќе од 40 милиони туристи годишно, па се одлучија уште еднаш да ги анализираат мерките за безбедност

Ömer Aydın  | 18.07.2017 - Обновена : 19.07.2017
Нови безбедносни мерки за туристи во Париз

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Потпишан е договор за соработка меѓу полицијата на Париз и голем број институции, со цел да се воспостават и да се преземат поголеми мерки за безбедност за сите туристи што ќе одлучат да го посетат главниот град на Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

На овој начин Париз се обидува да го врати бројот на туристите од пред минатата година, кога по серијата напади дојде до намалување на бројот на посети на градот на љубовта.

Од полицијата во Париз потсетија дека градот во претходните години го посетуваа повеќе од 40 милиони туристи годишно, па се одлучија уште еднаш да ги анализираат мерките за безбедност по нападот што предизвика загриженост, но и намалување на бројот на туристите во главниот град на Франција.

Беше потпишан договор меѓу полицијата и официјалните институции, како и со приватниот сектор. Договорот значи дека во многу места, како што се музеите, продавниците и трговските центри, ќе бидат постават безбедносни контроли.

Сите безбедносни камери, било да се работи за државна институција или приватен објект, ќе бидат поврзани со надзорот на париската полиција.

Париз годишно го посетуваат околу 40 милиони туристи, што создава можности за вработување во областа на туризмот, за повеќе од 400.000 луѓе.

Жан-Ив Ле Дриан, францускиот министер за надворешни работи, минатата недела рече дека земјата во 2016 година ја посетиле 83 милиони туристи и оти нивната цел е бројот да се зголеми за 88 – 89 милиони.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.