свет

Нур и Ала преку Твитер на светот му ја пренесуваат драмата од Источна Гута

Двете сестри Ала (8) и Нур (10) отворија профил на социјалната мрежа Твитер „Нур и Ала“ и на тој начин на целиот свет го пренесуваат она со што се соочени жителите на Источна Гута, а посебно тешкотиите на своите врсници

Adham Kako  | 14.12.2017 - Обновена : 15.12.2017
Нур и Ала преку Твитер на светот му ја пренесуваат драмата од Источна Гута Anas Aldimashqi/AA

Istocna Guta

ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - АДАМ КАКО - По сириското девојче Бана ал-Абед, која преку социјалните мрежи објавуваше фотографии и видео-снимки од окупираниот Алепо, драматичната ситуација од окупираната Источна Гута, на светската јавност им ја пренесуваат Нур и Ала, пишува Anadolu Agency (AA).

Во Источна Гута, недалеку од Дамаск, денес во тешки услови живеат околу 400.000 жители. Силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, со поддршка на терористичките групи, во април оваа година го стегнаа обрачот, а оттогаш протокот на храна и лекови во Источна Гута е речиси невозможен.

Двете сестри Ала (8) и Нур (10) отворија профил на социјалната мрежа „Twitter“ (Твитер) под назив „Нур и Ала“, и на тој начин на целиот свет го пренесуваат она со што се соочени жителите на Источна Гута, а посебно тешкотиите на своите врсници. Велат дека се инспирирани од својата врсничка Бана ал-Абед, која на сличен начин известуваше за случувањата во Алепо, и дека тие се обидуваат да го сторат истото. За сето тоа им помага нивната мајка Шемс Хатип, која по професија е наставничка по англиски јазик.

Желба им е, како што велат, да престане блокадата над Источна Гута, како и да ги запрат страдањата и убивањата на малите деца. Нур и Ала, како и нивната мајка Шемс зборуваа за АА.

Постарата сестра Нур истакна дека настојува да ги пренесе сите тешки ситуации со кои се соочени децата во окупираната Источна Гута.

„Децата немаат што да јадат, немаат храна. Никој не е во можност да дојде до лекови. Неколку деца тука починаа од глад. Често се бомбардираат нашите училишта, поради тоа не одиме на училиште. Се надеваме дека светот ќе го слушне нашиот глас“, изјави 10-годишното девојче Нур.

Таа нагласи дека е инспирирана од својата врсничка Бана, и додаде:

„Се надевам дека светот ќе го слушне нашиот глас, токму како што го слушна гласот на Бана, со што беше прекината блокадата над Алепо. Веруваме дека тоа ќе се случи и тука“.

Таа исто така додаде дека со нетрпение го очекува моментот кога ќе заврши окупацијата на Источна Гута.

„Сакам да јадам јаболко, банана и вкусни јадења“, вели Нур.

Мајката Шемс Хатип, исто така, укажа на најголемиот проблем во Источна Гута, а тоа е недостаток на храна и лекови. Таа истакна дека одлучила со нејзините ќерки преку Твитер да му пренесе на светот за тешката ситуација во Источна Гута.

„Овие деца умираат од глад. Сакаме да му пренесеме на светот дека на овие деца им треба заштита“, порача мајката Хатип.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın