свет

ОН: Над милион деца во Јужен Судан ги напуштија домовите поради војната

„Ниту една бегалска криза во светот не ме загрижува како оваа во Јужен Судан“, изјави Валентин Тапсоба, шеф на УНХЦР за Африка.

Ekipa  | 08.05.2017 - Обновена : 08.05.2017
ОН: Над милион деца во Јужен Судан ги напуштија домовите поради војната

Cuba

ЏУБА (АА) - Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) објавија заеднички извештај во којшто се наведува дека поради војната и гладот, повеќе од милион деца морале да ги напуштат своите домови во Јужен Судан, јавува Anadolu Agency (AA).

„Страотниот факт дека секое петто дете е принудено да го напушти својот дом во Јужен Судан е показател за тоа колку судирот во тој регион е погубен за најзагрозената популација“, изјави Лејла Пакала, шефица на УНИЦЕФ за Источна и Јужна Африка.

Децата сочинуваат 62 отсто од вкупно 1, 8 милиони бегалци од Јужен Судан, кои побегнале во земјата или во соседните земји Уганда, Кенија, Етиопија и Судан.

„Ниту една бегалска криза во светот не ме загрижува како оваа во Јужен Судан“, изјави Валентин Тапсоба, шеф на УНХЦР за Африка.

Според официјалните податоци на ОН, повеќе од илјада деца се убиени или ранети во судирите што на подрачјето на Јужен Судан започнаа во 2013 година.

Три четвртини од јужносуданските деца не одат на училиште, што е најголем процент на деца во една земја кои се надвор од образовниот систем.

Јужен Судан е жариште на длабока политичка и безбедносна криза која во 2013 година ескалираше во оружени судири меѓу силите лојални на јужносуданскиот претседател Салва Кир и силите лојални на поранешниот заменик-претседател Риек Мачар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın