свет

ОН: Советот за човекови права jа отвора 34-та седница во Женева

Воведниот говор ќе го одржи Генералниот секретар, Антонио Гутереш, а потоа на учесниците ќе им се обрати и претседателот на Советот за човекови права Александар Maза Мартели

Bayram Altuğ  | 26.02.2017 - Обновена : 27.02.2017
ОН: Советот за човекови права jа отвора 34-та седница во Женева

Geneve

ЖЕНЕВА (АА) - Советот за човекови права на Обединетите нации утре во Женева ќе ја започне 34-седница на која ќе се разговара за сите актуелни прашања во врска со заштитата на човековите права, јавува Anadolu Agency (AA).

Воведниот говор ќе го одржи Генералниот секретар, Антонио Гутереш, а потоа на учесниците ќе им се обрати и претседателот на Советот за човекови права Александар Maза Мартели.

Се очекува да се обратат голем број функционери, меѓу кои и палестинскиот претседател Махмуд Абас, шефот на Владата на националното единство во Либија Фаиз ал-Сараџ и министерот за надворешни работи на Тунис Хамис ал-Џиханави.

Во текот на следните четири недели, претставници на 47 членки на Советот за човекови права ќе ги разгледаат сите актуелни прашања во врска со овие области, со посебен акцент на кризата на Блискиот Исток.

Насилството, тортурата, верската слобода, борбата против тероризмот, заштитата на правата на децата, се само дел од темите на кои ќе разговара Советот во наредните денови и ќе се обиде да ги усогласи насоките за решавање на кризата.

До 24 март на Советот ќе му бидат поднесени повеќе од 100 извештаи од 45 земји, вклучувајќи ги и Сирија, Мјанмар, Иран, Еритреја и други земји.

Најавен е посебен панел кој се однесува на насилството и тортурата на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад против цивилите.

Советот за човекови права е меѓувладино тело во рамките на ОН, одговорно за промоција и заштита на човековите права во светот, решавање на ситуациите на кршење на човековите права, како и давање препораки.

Советот има мандат да разговара за сите тематски и географски прашања на човековите права кои имаат потреба од внимание од меѓународната заедница.

Советот за човекови права има 47 земји-членки на ОН, избрани од страна на Генералното собрание на ОН со мандат од три години.

Русија минатата година поради поддршката на сирискиот претседател Башар ал-Асад остана без поддршка во Генералното собрание на ОН кој за регионот на Источна Европа го избра Хрватска и Унгарија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.