свет, наука и технологија

Основана кинеско-руска компанија, конкуренција на „Boeing“ и „Airbus“

Компанијата во која Кина и Русија се подеднакви партнери ќе произведе авион со 280 седишта, кој со едно полнење на гориво ќе може да прелета 12.000 километри

Fuat Kabakçı  | 22.05.2017 - Обновена : 22.05.2017
Основана кинеско-руска компанија, конкуренција на „Boeing“ и „Airbus“

Peking

ПЕКИНГ (АА) - Кина и Русија основаа заедничка компанија за производство на широкотрупен патнички авион кој ќе биде конкуренција на произведувачите „Boeing“ (Боинг) и „Airbus“ (Ербас), пренесува Anadolu Agency (AA).

„Shangai Daily“ (Шангај дејли) јавува дека кинеската компанија „Commercial Aircraft Co. (COMAC)“ и руската компанија „United Aircraft Corp.“ ја основале „China-Russia Commercial Aircraft Corporation Limited“.

Компанијата во која Кина и Русија се подеднакви партнери ќе произведе авион со 280 седишта, кој со едно полнење на гориво ќе може да прелета 12.000 километри.

Од фирмата е соопштено дека е направена тригодишна прелиминарна анализа и дизајн на концептот.

Вредноста на проектот ќе изнесува меѓу 13 и 20 милијарди долари, а авионот ќе биде конкуренција на „Boeing 787“ и „Airbus A350“.

Кина на почетокот од овој месец го направи првиот сопствен авион „C919“, со два мотора, со капацитет од 158 седишта за патниците и опсег од 4.075 километри.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.