свет

Остри критики од Трамп за американските медиуми

„Дојде време да се обелоденат фалсификуваните и искривени лаги на медиумите и да се застане против поделбата на заедницата“

Betül Yürük  | 23.08.2017 - Обновена : 24.08.2017
Остри критики од Трамп за американските медиуми

New York

ЊУЈОРК (АА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги нападна американските медиуми на својот прв митинг одржан по насилствата во Шарлотсвил, каде што загина едно лице за време на расистичките протести во градот, јавува Anadolu Agency (AA).

Трамп се појави на митингот во Феникс, град во сојузната држава Аризона, и покрај предупредувањата од градоначалникот на градот, Грег Стентон, кој побара да биде откажан митингот, кој се одржува по насилствата во Шарлотсвил. Во првите 20 минути, Трамп го осуди расистичкиот протест во Шарлотсвил и упати остри критики кон медиумите во Америка.

Тој ги обвини американските медиуми дека не се однесуваат фер, ја шират пропагандата на групите што пропагираат омраза и спроведуваат поделба на заедницата. „Дојде време да се обелоденат фалсификуваните и искривени лаги на медиумите и да се застане против поделбата на заедницата“, додаде тој.

Трамп ги осуди сите страни кои учествуваа во нередите што се случија за време на расистичкиот протест во Шарлотсвил и додаде дека во своите изјави не му дава место на расизмот. „Тие (медиумите) воопшто не се искрени, во нив има навистина нечесни луѓе“, рече Трамп.

- „Ким Jонг-ун почна да покажува почит кон нас“ -

Трамп зборуваше и околу тензиите меѓу Северна Кореја и САД, кои во последниот период се во пораст. „Претседателот на Северна Кореја, Ким Jонг-ун почна да покажува почит кон нас. Можно е да се случи позитивен развој во меѓусебните односи“, рече Трамп на митингот во Феникс.

- „Ќе го изградиме ѕидот“ -

Трамп ги обвини лицата кои се против изградбата на ѕидот помеѓу САД и Мексико дека ја загрозуваат безбедноста на американскиот народ и го доведуваат во опасност. Околу буџетот за изградбата на ѕидот, Трамп рече: „Sидот ќе биде изграден, па макар бил принуден и да ја затворам Владата“.

Од друга страна, полицијата користеше солзавец за да ги растера демонстрантите во Феникс кои протестираа против Трамп пред конгресниот центар.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın