свет

Пакистан: Во антитерористички операции неутрализирани се 40 талибанци

Во операцијата „Хајбер-3", која минатата недела ја започна војската на Пакистан, неутрализирани се 40 терористи а уништени се 43 засолништа

Yusuf Hatip  | 23.08.2016 - Обновена : 25.08.2016
Пакистан: Во антитерористички операции неутрализирани се 40 талибанци

İslamabad

ИСЛАМАБАД (АА) - Во операцијата „Хајбер-3", која минатата недела ја започна војската на Пакистан, неутрализирани се 40 терористи а уништени се 43 засолништа, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите кои ги даде портпаролот на пакистанската војска, продолжуваат операциите од копно и воздух, кои започнаа минатата недела во близина на границата со Авганистан, во долината Тирах, предел познат како „племенски регион".

Во рамките на операцијата досега се убиени 40 терористи, а 21 терорист е ранет, се вели во изјавата на портпаролот на пакистанската војска. Истовремено, уништени се 43 засолништа во кои се криеле терористите.

Пакистанската војска на 14 јуни 2014 година ги започна своите воени операции против талибанските милитанти во Северен Вазиристан, попознат како „племенски регион".

Во рамките на операцијата под име „Зарб-е-Азб", во текот на две години онеспособени се околу 3.500 терористи. Во борбите од страна на пакистанската војска загинаа 490 војници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın