свет

Пакистан: Најмалку шест полицајци загинаа во експлозија на камион

„Нападот се случи на периферијата на градот и сѐ уште е премногу рано за да се утврди дали експлозијата e предизвикана со далечински управувач или станува збор за самоубиствен напад“

Ekipa  | 18.10.2017 - Обновена : 18.10.2017
Пакистан: Најмалку шест полицајци загинаа во експлозија на камион

Karaçi

КАРАЧИ (АА) - Најмалку шест полицајци загинаа, а 22 се повредени во експлозија на камион кој ги превезувал полициските сили на Пакистан во северозападниот град Квета, соопштија официјални лица, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Нападот се случи на периферијата на градот и сѐ уште е премногу рано за да се утврди дали експлозијата e предизвикана со далечински управувач или станува збор за самоубиствен напад“, изјави Мир Сарфраз, министер за внатрешни работи на провинцијата Белуџистан.

Локалните медиуми, цитирајќи неименувани полициски претставници, јавуваат дека станува збор за самоубиствен напад.

На снимките се гледаат изгорените остатоци од камионот во кои се наоѓале трупите, додека возилата на итната медицинска помош ги префрлаат повредените во болница.

Васим Баиг, портпарол на болницата во Квета, изјави дека меѓу повредените има и полицајци во животна опасност.

Еден час по бомбашкиот напад, друг полицаец е убиен во оружен напад во фреквентниот дел на градот.

Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападите.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın