свет

Пакистан: „Пинк такси“, како мерка за борба против насилството врз жените

Целта на воведувањето посебна такси служба за жени во Пакистан е еден од чекорите за борба против насилството врз жените, a оваа услуга првпат е воведена во Карачи

Yusuf Hatip  | 23.03.2017 - Обновена : 24.03.2017
Пакистан: „Пинк такси“, како мерка за борба против насилството врз жените

İslamabad

ИСЛАМАБАД (АА) - Во најголемиот пакистански град Карачи започна со работа „Пинк такси“, каде што таксистите се жени и коешто нуди превоз исклучиво за жени, јавува Anadolu Agency (AA).

Целта на воведувањето посебна такси служба за жени во Пакистан е еден од чекорите за борба против насилството врз жените, a оваа услуга првпат е воведена во Карачи, град кој има околу 20 милиони жители и претставува главен културен и пристаништен центар на Пакистан.

Новите такси возила се лесно препознатливи бидејќи имаат специфична боја и посебен телефонски број, а направена е и мобилна апликација за повик на „Пинк такси возилата“.

Тие отворија и нови работни места за жените во Пакистан, а оние што возат такси се облечени во црн костум и розова шамија.

Една од таксистките, Ајше Шидик, вели дека новата услуга го решава проблемот за жените кои со причина се плашеле да користат такси услуги, поради честите напади што се случуваа во Карачи.

„Користењето на комерцијалните такси услуги кај жените во Пакистан зеде замав во изминатите неколку години, но се појави проблемот на чести напади и сексуална злоупотреба врз жените. Се надеваме дека нашето ново такси ќе го реши овој проблем“, вели Шидик.

Министерот за транспорт, Насир Шах, изрази надеж дека возилата на „Пинк такси“ ќе го олеснат движењето на жените кои се честа цел на напади во јавниот превоз.

Такси услуги за жени во Карачи овозможуваат исклучиво женски возачи, а активистите за заштита на женските права се жалат дека услугата е премногу скапа за повеќето Пакистанки.

Критичарите сметаат дека воведувањето на овој тип такси возила е само привремена, но не и соодветна мерка за решавање на коренот на проблемот за насилството врз жените во Пакистан.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın