свет

Париз денес: забрана за парните регистарски таблички

Азот диоксидот што го испуштаат возилата на дизелски погон може да предизвикаат астма и болести на белите дробови кај децата

Fatma Esma Arslan  | 07.12.2016 - Обновена : 07.12.2016
Париз денес: забрана за парните регистарски таблички

Paris

ПАРИЗ (АА) - Поради големата загаденост на воздухот во Париз, приватните автомобили чии регистарски таблички завршуваат со непарен број вчера не можеа да влезат во градот, ниту во 22 предградија. Денес, ова правило важи за парните броеви на регистарските таблички, јавува Anadolu Agency (AA).

Од канцеларијата на гувернерот на Париз беше соопштено дека дошло до промена во сообраќајниот режим поради големата загаденост на воздухот во градот, така што денес во градот може да влезат само автомобили со непарен број на регистарските таблички.

Ова е шести пат во последните 20 години да се применуваат слични мерки.

Возилата чиј број на регистарски таблички завршува со парен број, денес ќе може да се користат само под услов да превезуваат повеќе од тројца патници.

Денес, како и вчера, во Париз бесплатно ќе се користи јавниот превоз.

Возачите што нема да се придржуваат кон ова правило ќе бидат казнети со парична казна од 35 евра.

Според податоците од француската Агенција за управување со животната средина и енергија, возилата предизвикуваат две третини од емисијата на азот диоксид и ослободуваат 55 отсто од штетните честички во Париз. Азот диоксидот што го испуштаат возилата на дизелски погон може да предизвикаат астма и болести на белите дробови кај децата.

На средбата на градоначалниците одржана во Мексико, администрацијата на Париз вети дека до 2025 година ќе воведе забрана за користење на возилата на дизелски погон во градот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.