свет

Париз: Продолжува бесот на кинеските мигранти против полицијата

Со цел да протестираат против полицијата, стотици мигранти од Азија, повеќето Кинези, овој пат се собраа пред општинската зграда којашто се наоѓа во центарот на градот

Rahmi Gündüz  | 30.03.2017 - Обновена : 30.03.2017
Париз: Продолжува бесот на кинеските мигранти против полицијата

Paris

ПАРИЗ (АА) – Веќе трети ден продолжуваат протестите против полицијата во главниот град на Франција, Париз, во врска со убиството на 56-годишниот кинески мигрант, Шаојо Лиу, од страна на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).

Со цел да протестираат против полицијата, стотици мигранти од Азија, повеќето Кинези, овој пат се собраа пред општинската зграда којашто се наоѓа во центарот на градот.

Демонстрантите чиј број изнесува над 300 лица, го изразија својот револт со извикување пароли како „Полиција убиец“.

Полицијата со солзавец интервенираше на демонстрантите кои фрлаа со камења и стапови.

Членовите на семејството на Шаојо Лиу во изјава за медиумите упатија апел до демонстрантите да се смират протестите.

Полицијата тврди дека Лиу со ножици ги нападнал тројцата полицајци кои пред 3 дена, по основа на пријава дошле на наведената адреса во Париз. Еден од полициските службеници го погодил Шаојо во самоодбрана.

Според соопштеното, Шаојо починал пред да пристигне екипата за прва помош. Семејството на Шаојо тврди дека тој не ги нападнал полицајците, односно дека тој бил во кујната и кога ѕвонело ѕвончето, со ножици в рака ја отворил вратата.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın