свет

Повратниците во разрушениот Ал Баб ги бараат жртвите на злосторствата на ДЕАШ

Силите на умерената сириска опозиција со поддршка на турските сили, неодамна го ослободија градот Ал Баб којшто терористите на ДЕАШ го контролираа во изминатите три години

Kerem Kocalar  | 29.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Повратниците во разрушениот Ал Баб ги бараат жртвите на злосторствата на ДЕАШ

Gaziantep

ГАЗИАНТЕП/АЛЕПО (АА) - Свирепоста и бруталноста на злосторствата на терористите од ДЕАШ се видливи на секое место во ослободениот град Ал Баб, а цивилите повратници во урнатините ги бараат своите најблиски, кои терористите за време на судирите ги користеа како жив штит, јавува Anadolu Agency (AA).

Силите на умерената сириска опозиција со поддршка на турските сили, неодамна го ослободија градот Ал Баб којшто терористите на ДЕАШ го контролираа во изминатите три години, а пребегнатите жители се враќаат во градот и се обидуваат да го продолжат животот во сосема уништените населби.

Иако со радост ја дочекаа веста за ослободувањето на градот од терористите и можноста да се вратат во своите домови, жителите на Ал Баб ги дочека страотниот поглед на урнатините, во кои ги бараат телата на своите најблиски што настрадаа во злосторствата на ДЕАШ.

Слична ситуација се случи и со повратниците во Џарабулус, кој претходно беше ослободен од терористите.

Надлежните служби и активистите во Ал Баб веќе се организирани и со градежни машини се обидуваат да ги отстранат урнатините под кои се наоѓаат стотици тела од настраданите цивили.

Махмуд Мустафа, жител на Ал Баб, за АА изјави дека под урнатините ги бара телата на својата сестра и на нејзините две деца, кои останале во градот и оттогаш им се губи секаква трага.

„Терористите убија голем број цивили. Со цел да се заштитат, во овие згради ги држеа цивилите како заложници. Сите цивили ги користеа како жив штит“, изјави Мустафа и додаде дека неговата единствена желба е да ги најде телата и да ги закопа своите најблиски.

И Јусуф Мухамед, исто така жител на Ал Баб, изјави дека ги проколнува терористите кои му зеле и уништиле сѐ што имал.

„Мораме на сите да им покажеме какви злосторници се терористите. Никој не смее да им верува. Тие немаат никаква поврзаност со исламот. Нѐ радува сознанието дека во Турција имаме пријатели кои помогнаа да го ослободиме градот и кои ќе ни помогнат во обновата и изградбата на подобра иднина во него“, порача Мухамед.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın