свет

Поддржувачи на опозицијата во Пакистан нападнаа државна телевизија

Демонстрантите се упатија кон зградата на телевизијата откако, по пат на видео-линк, им се обрати лидерот на Обединетото национално движење, Алтаф Хусеин, кој живее во Лондон

Yusuf Hatip  | 23.08.2016 - Обновена : 24.08.2016
Поддржувачи на опозицијата во Пакистан нападнаа државна телевизија

İslamabad

ИСЛАМАБАД (АА) - Во напад на поддржувачите на пакистанската опозициска партија Обединето национално движење (MQM), врз зградата на државната телевизија во Карачи, загина едно, а повредени се осум лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Поддржувачите на партијата излегоа на улиците за да протестираат против „медиумските цензури” во кои, според нивното мислење, државната телевизија не дала доволно простор на лидерите на нивните странки туку веќе шести ден штрајкуваат со глад, по што беа приведени од пакистанските органи на редот.

Демонстрантите се упатија кон зградата на телевизијата откако, по пат на видео-линк, им се обрати лидерот на партијата, Алтаф Хусеин, кој живее во Лондон.

Во немирите загина едно, додека осум лица беа повредени. Меѓу повредените се и тројца вработени во телевизијата. Демонстрантите уништија три автомобили во сопственост на телевизијата, а се повлекоа откако полицијата употреби солзавец и гумена муниција.

На местото на настанот се приведени 12 демонстранти, а полицијата покрена акција на претрес на седиштето на партијата, каде што приведе неколку високопозиционирани челници на оваа партија.

Командантот на копнените трупи на пакистанската војска, генералот Рахил Шериф, издаде наредба дека кон поддржувачите на Обединето национално движење може да се употребат ригорозни мерки. Премиерот на земјата, Наваз Шериф, овој напад го окарактеризира како напад на слободата на медиумите.

Партијата на Обединетото национално движење е четврта по големина партија во пакистанското национално Собрание. Втора по големина во пакистанската покраина Синд, а највлијателна е во Карачи, каде што се наоѓа и седиштето на оваа партија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın