свет

Полицијата продолжува со приведувања во врска со нападот во лондонското метро

Британската полиција рано утринава го спроведе шестото приведување во врска со минатонеделниот бомбашки напад врз воз на лондонското метро

İlker Girit  | 21.09.2017 - Обновена : 22.09.2017
Полицијата продолжува со приведувања во врска со нападот во лондонското метро

London

ЛОНДОН (АА) - Британската полиција рано утринава го спроведе шестото приведување во врска со минатонеделниот бомбашки напад врз воз на лондонското метро, јавува Anadolu Agency (AA).

„Уапсено е 17-годишно момче согласно членот 41 од Законот за тероризам, откако властите издадоа налог за адреса во Торнтон Хит, околу 00.05 по локално време“, се вели во соопштението на лондонската полиција.

Денешното притворање е шесто по ред во низата приведувања во врска со експлозијата на Парсонс Грин.

Британската полиција вчера уапси две машки лица, во Њупорт, Јужен Велс. Друг осомничен, 25-годишен маж, исто така беше приведен на друга адреса во вторникот.

Во текот на викендот, двајца други осомничени на возраст од 18 и 21 година, се приведени во врска со нападот на метрото.

„Сите шест лица се во притвор во полициската станица во Јужен Лондон“, соопшти денес полицијата.

Високиот полициски офицер Дин Хајдон, шеф на Одделот за борба против тероризмот на лондонската полиција, изјави дека спроведуваат интензивна истрага.

„Детективите спроведуваат детална истрага за да ги одредат сите факти кои стојат зад нападот“, додаде Хајдон.

Триесет лица беа повредени при половичната експлозија на импровизиран експлозивен уред во воз во лондонското метро на станицата Парсонс Грин во петокот.

Велика Британија првично го зголеми нивото на закана од тероризам до максималното „критично“ ниво, што означува очекување на уште еден терористички напад, но во неделата нивото беше намалено на категоријата „сериозно“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın