свет

Поради шумски пожар на југот од Шпанија евакуирани најмалку 1.000 луѓе

Поради силните ветрови, огнот се прошири и до Националниот парк „Донана“, еден од најзначајните природни резервати во Шпанија, кој е дом на загрозениот Ибериски рис

Ekipa  | 25.06.2017 - Обновена : 27.06.2017
Поради шумски пожар на југот од Шпанија евакуирани најмалку 1.000 луѓе

Madrid

МАДРИД (АА) - Поради шумскиот пожар што избувна синоќа во јужниот дел на Шпанија евакуирани се повеќе од 1.000 луѓе, а пламените јазици, како што соопштија шпанските власти, му се закануваат и на националниот парк, познат по својот биодиверзитет, пренесува Anadolu Agency (AA).

Поради силните ветрови, огнот се прошири и до Националниот парк „Донана“, еден од најзначајните природни резервати во Шпанија, кој е дом на загрозениот Ибериски рис.

„Пожарот се прошири во рамките на границите на резерватот, тука ги фокусиравме нашите напори“, изјави Хозе Грегорио Фискал Лопез, од регионалната служба за животна средина.

Сузана Дијаз, претседател на јужната провинција Aндалузија, соопшти дека населението не е во опасност, откако повеќе од 1.000 луѓе беа евакуирани од градот Mугер на јужниот брег.

Таа додаде дека високите температури и ветрот ги отежнуваат акциите за гаснење на шумските пожари.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın