свет

Португалија: Министерката за внатрешни работи поднесе оставка поради пожарите

Пожарот зеде нови жртви минатиот викенд, само неколку месеци откако 64 лица загинаа во пожарите во регионот Педрогао Гранде

Ekip  | 18.10.2017 - Обновена : 19.10.2017
Португалија: Министерката за внатрешни работи поднесе оставка поради пожарите

Madrid

МАДРИД (АА) - Португалската министерка за внатрешни работи, Констанца Урбано де Соуса, денес поднесе оставка, само неколку дена откако во бранот шумски пожари загинаа 41 лице, јавува Anadolu Agency (AA).

Пожарот зеде нови жртви минатиот викенд, само неколку месеци откако 64 лица загинаа во пожарите во регионот Педрогао Гранде, што беше една од најголемите човечки трагедии во историјата на Португалија.

„Де Соуса понуди оставка до премиерот Антонио Коста, а тој ја прифати“, беше соопштено од португалската Влада.

„Уште по трагедијата во Педрогао го замолив премиерот да ме ослободи од функцијата и му дадов време да најде некој кој би ме заменил. Сепак, премиерот од мене побара да останам. По новата трагедија го повторив своето барање. Иако трагедијата беше предизвикана од повеќе фактори, дојдов до заклучокот дека не можам да продолжам од политички и од лични причини“, рече Де Соуса.

Таа на прес-конференцијата истакна дека нејзината оставка, која ја побара опозицијата, нема да реши ништо.

Овогодишните натпросечни горештини и суши придонесоа за појавата на голем број пожари што ги погодија Португалија и северна Шпанија.

Се претпоставува дека поголемиот дел од пожарите се предизвикани од човечки фактор. Според Светскиот центар за шумарство, Португалија има најголем процент на покриеност со шуми во Европа, кој изнесува дури 38 отсто. Најголем проблем е фактот што само три отсто од овие шуми се под државна контрола.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.