свет

Потона брод во Средоземното Море: Исчезнаа 97 африкански мигранти

Портпаролот на либиските безбедносни сили, Ејуп Гасим, соопшти дека на пат кон Европа, денес потона брод со мигранти од Африка и се стравува дека во несреќата загинаа 97 луѓе

Dildar Baykan  | 13.04.2017 - Обновена : 14.04.2017
Потона брод во Средоземното Море: Исчезнаа 97 африкански мигранти

Ankara

КАИРО (АА) - Брод со мигранти потона денес во Средоземното Море, а како исчезнати се водат најмалку 97 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на либиските безбедносни сили, Ејуп Гасим, соопшти дека на пат кон Европа, денес потона брод со мигранти од Африка и се стравува дека во несреќата загинаа 97 луѓе.

„Се стравува дека во бродоломот загинаа 97 луѓе“, рече Гасим.

Истакнувајќи дека либиската крајбрежна стража дојавата за бродоломот ја доби утринава, Гасим истакна дека на растојание од десетина километри од либискиот брег, на местото на несреќата се спасени 23 мигранти.

Истиот извор вели дека меѓу 97 исчезнати лица имало најмалку 15 жени и пет деца.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.