свет

Потона брод со мигранти во Средоземното Море, исчезнаа 126 лица

Портпаролот на Меѓународната организации за миграции (ИОМ) Флавио Ди Џакомо, соопшти дека бродоломот се случил во либиските води на Средоземното Море

Cansu Dikme  | 20.06.2017 - Обновена : 21.06.2017
Потона брод со мигранти во Средоземното Море, исчезнаа 126 лица

Rim

РИМ / ТУНИС (АА) - Најмалку 126 лица се водат за исчезнати по потонувањето на брод во Средоземното Море, кој од Либија пловел кон Италија и превезувал мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на Меѓународната организација за миграции (IOM), Флавио Ди Џакомо, соопшти дека бродоломот се случил во либиските води на Средоземното Море и дека спасувачките екипи на местото на несреќата пронашле и спасиле четири лица.

Повикувајќи се на изјавите на преживеаните, Џакомо рече дека бродот потонал откако криумчарите го украле моторот на бродот.

Поголемиот дел од исчезнатите мигранити потекнуваат од Нигерија и од Судан.

Агенцијата за миграции при Обединетите нации претходно соопшти дека во првите четири месеци од оваа година преку Средоземното Море во Европа дошле 44.209 мигранти и бегалци. Најголемиот број од нив пристигнал во Италија, потоа во Грција, Кипар и Шпанија.

Во истиот период, при потонувања на бродови и пловила, животот го загубиле и исчезнале вкупно 966 мигранти на медитеранската рута која ги поврзува Африка и Италија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın