свет

Потпишан Протокол за реализација на помош на Рохинџите помеѓу ИЗ во БиХ и ТИКА

Потпишан е протокол за реализација на помош на Рохинџите помеѓу Исламската заедница во БиХ ТИКА за дистрибуирање на финансиска помош од 250,000 евра собрани за Рохинџа муслиманите

Talha Öztürk  | 14.12.2017 - Обновена : 14.12.2017
Потпишан Протокол за реализација на помош на Рохинџите помеѓу ИЗ во БиХ и ТИКА

Belgrade

БЕЛГРАД (АА) - Потпишан е протокол за реализација на помош на Рохинџите помеѓу Исламската заедница во Босна и Херцеговина (ИЗБиХ) и Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за дистрибуирање на финансиска помош од 250,000 евра (295.000 долари) собрани за Рохинџа муслиманите, јавува Anadolu Agency (AA).

Протоколот беше потпишан во зградата на Исламската унија во главниот град на Босна, Сараево.

Церемонија предводена од претседателот на Исламската заедница во БиХ, Хусеин Кавазовиќ, на која присуствуваа турскиот амбасадор во Сараево, Халдун Коч, координаторот на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) во Сараево, Омер Фарук Аличиќ, и претседателот на Комитетот за поддршка на народниот комитет на Рохинџите, Етем Бичакчиќ.

Кавазовиќ во својот говор и се заблагодари на ТИКА за обезбедување на помош на Рохинџите.

„Секако, помошта на БиХ не може да се спореди со Турција, но комитетот стори важна работа да биде гласот на араканските муслимани. Ние ќе продолжиме со кампањите за помош кои ги спроведуваме заедно со Турција“, рече Кавазовиќ.

Амбасадорот Коч вели дека ТИКА спроведува интензивни активности во тоа поле.

„Турција стана прва земја во ова поле која покажа на нашите браќа дека сме на нивната страна. ТИКА обезбеди 55 милиони тони прехрамбени производи, две амбулантни возила, 10.000 ќебиња, безбедносни камери, детски паркови, шатори за 100 семејства“, рече Коч.

Истo така, тој рече дека во престојниот период ќе изградат бунари длабоки 50 метри како и болница.

Финансиската помош е собрана од комитетот формиран на иницијатива на Исламската унија на БиХ со цел помош на Рохинџа муслиманите.

Во нападите што во Аракан ги извршува мјанмарската војска, под изговор за борба против вооружени милитанти, од 25 август настрадаа повеќе илјади луѓе. Поради тоа што мјанмарската администрација не дозволува влез во споменатото подрачје, невозможно е да се утврди точнииот број на жртвите.

Во нападите коишто прераснаа во етничко чистење, беа запалени околу 300 села, а од Аракан во Бангладеш пребегнаа повеќе од 600.000 муслимани. Илјадници од нив и понатаму бараат начин за да пребегаат во Бангладеш.

Во последните извештаи на ОН се наведува дека насилството во Мјанмар ги има сите белези на злосторство против човештвото.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.