свет

Почина Витали Чуркин, постојан претставник на Русија во ОН

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Чуркин, кој е роден на 21. февруари, го загуби својот живот еден ден пред неговиот роденден на 64 годишна возраст за време на неговата задача во Њујрок

Hakan Ceyhan Aydoğan  | 20.02.2017 - Обновена : 21.02.2017
Почина Витали Чуркин, постојан претставник на Русија во ОН

Moskova

МОСКВА (АА) - Во Њујорк денеска почина постојаниот претставник на Русија во Обединетите Нации (ОН) Виталиј Чуркин, јавува Anadulu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека Чуркин, кој е роден на 21. февруари, почина еден ден пред неговиот роденден на 64 годишна возраст за време на неговата задача во Њујрок.

Во соопштението, за неговата ненадејна смрт, изразено е сочуство до семејството и блиските луѓе на Чуркин.

Чуркин, ја извршуваше задачата како постојан претставник на Русија во ОН од 8 април 2008 година.

„Чувствувам голема голема тага по веста за смртта на мојот пријател, голем дипломат со прекрасен карактер, Виталиј Чуркин", изјави преку социјалните мрежи постојаниот претставник на Англија во ОН, Метју Рајкрофт.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın