свет

Продолжени протестите во Париз по убиството на Кинез во полициска акција

Неколку стотици демонстранти, главно мигранти од Азија, синоќа околу полноќ се собраа пред полициската станица во североисточниот дел на Париз да протестираат поради убиството на имигрант

Rahmi Gündüz  | 29.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
Продолжени протестите во Париз по убиството на Кинез во полициска акција

Paris

ПАРИЗ (АА) - Во Париз, синоќа се оддржаа нови протести поради прекумерната употреба на сила од страна на полицијата, а причина за протестот беше неодамнешното убиство на имигрант од Кина, јавува Anadolu Agency (AA).

Неколку стотици демонстранти, главно мигранти од Азија, синоќа околу полноќ се собраа пред полициската станица во североисточниот дел на Париз со цел втора вечер по ред да протестираат поради завчерашното убиство на 56-годишниот Шао Ли, кој беше убиен во полициска акција.

Полицијата соопшти дека Ли е убиен по обидот за напад на полицијата, додека неговото семејство тврди дека немало никаква закана.

"Полициски убијци" и "Ја сакаме вистината" се слоганите кои доцна синоќа ги извикуваа демонстрантите.

Полицијата интервенираше со солзавец за да ги растера насобраните демонстранти.

И претходната вечер во Париз беа одржани протести во кои демонстрантите ја окупираа полициската станица и запалија едно полициско возило. За време на полициската интервенција повредени се повеќе лица.

Кинеското Министерство за надворешни работи од француските институции побара да се спроведе истрага и да се открие вистината за тој случај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın