свет

Протест во Тунис: Апел до муслиманите да ги бојкотираат американските производи

Бројни поддржувачи и претставници на Народниот фронт се собраа во знак на протест во центарот на главниот град, Тунис, каде што повика на бојкот на производите на САД

Enes Canlı  | 13.12.2017 - Обновена : 14.12.2017
Протест во Тунис: Апел до муслиманите да ги бојкотираат американските производи

Tunisia

ТУНИС (АА) - Народниот фронт, кој ги собира левичарските политички партии во Тунис, остро ја осуди одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп за признавање на Кудс како главен град на Израел и ги повика муслиманите да ги бојкотираат американските производи, јавува Anadolu Agency (AA).

Голем број на поддржувачи и претставници на Народниот фронт се собраа во знак на протест во центарот на Тунис, од каде повика на бојкот на американски производи.

„Обврска на сите оние кои го поддржуваат палестинското прашање е да ги бојкотираат американските производи. Муслиманските научници треба да издадат фетва за потребата од бојкот на американски производи", рече пред насобраните Хамам Хамами, гласноговорникот на Националниот фронт.

Тој ги повика Палестинците да бидат единствени против последната одлука на американската администрација за Кудс.

Насобраните носеа транспаренти на кои пишуваше „Да ја затвориме амбасадата на САД", „Нема место за Американците на арапска територија" и „Народот сака независноста на Палестина".

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.