свет

Протест против Доналд Трамп во Амстердам

Во Амстердам, одржан е протест со којшто демонстрантите искажаа незадоволство по повод изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со расистичките нереди во текот на викендот во Шарлотсвил

Abdullah Aşıran  | 18.08.2017 - Обновена : 19.08.2017
Протест против Доналд Трамп во Амстердам

Netherlands Antilles

АМСТЕРДАМ (АА) - Во главниот град на Холандија, Амстердам, одржан е протест со којшто демонстрантите искажаа незадоволство по повод изјавата на претседателот на САД, Доналд Трамп, во врска со расистичките нереди во текот на викендот во Шарлотсвил, јавува Anadolu Agency (AA).

Протестот го организираше невладиното движење Антифашистичка акција (AFA), а демонстрантите се собраа на амстердамскиот плоштад Спои.

Тие ги осудија расистичките собири во САД, но и во целиот свет, а за време на протестите можеа да се видат и транспаренти како „Расизмот е глупост“, „Борете се против фашизмот“, „Антифашистичка солидарност во светот“.

Демонстрантите исто така го обвинија американскиот претседател Доналд Трамп и некои холандски политичари дека им даваат поддршка на расистите.

По нередите во Шарлотсвил, во сојузната американска држава Вирџинија, во кои едно лице загина, а повеќемина се повредени, Трамп се колебаше да ги осуди екстремистичките групи, што предизвика голем број негодувања и критики во американската јавност.

Трамп изјави дека двете страни треба да бидат обвинети за нередите и насилството во сојузната држава Вирџинија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.