свет

Путин: ДЕАШ поразен поради напорите на Турција и на Иран

Состанокот меѓу Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани во Сочи се одржува со цел да се разгледа направениот напредок во мировните преговори во Астана како и промените во зоните без судири во Сирија

Diyar Güldoğan  | 22.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
Путин: ДЕАШ поразен поради напорите на Турција и на Иран

Soci

СОЧИ (АА) - Претседателите на Турција, Русија и на Иран денес во Сочи одржуваат состанок на кој главна тема се судирите во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Состанокот меѓу Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рухани во Сочи се одржува со цел да се разгледа направениот напредок во мировните преговори во Астана како и промените во зоните без судири во Сирија.

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, истакна дека терористичката организација ДЕАШ е поразена поради напорите на Турција и на Иран.

Тој додаде дека без исклучително важната улога на турските и иранските лидери не би било можно да се стави крај на воениот процес во Сирија.

„Сирија е сега во нова фаза во насока на политичко решение", истакна Путин.

Тој нагласи: „Расцепувањето на Сирија е спречено со поддршката на Турција и на Иран. Ставањето крај на граѓанската војна којашто трае со години, е можно“.

Турскиот претседател Ердоган истакна дека трилатералната средба на лидерите на Турција, Иран и на Русија е мошне значајна, во поглед на спречување на крвопролевањето во Сирија.

„Целиот свет е сведок дека изградбата на заедничка работна атмосфера на Турција, Русија и Иран даде резултати во врска со сириското прашање“, изјави Ердоган и изрази уверување дека лидерите денес ќе донесат многу важни одлуки во врска со Сирија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.