свет

Путин на крајот од месецот ќе ја посети Франција

Од Елисејската палата соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе допатува во Париз на 29 мај и ќе се состане со претседателот на Франција, Емануел Макрон

Ömer Aydın  | 22.05.2017 - Обновена : 22.05.2017
Путин на крајот од месецот ќе ја посети Франција

Paris

ПАРИЗ (АА) - По повод обележувањето на 300-годишнината на дипломатските односи меѓу Русија и Франција, рускиот претседател Владимир Путин ќе го посети Париз, јавува Anadolu Agency (AA).

Од Елисејската палата соопштија дека рускиот претседател Владимир Путин ќе допатува во Париз на 29 мај и ќе се состане со претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Состанокот ќе се одржи во Версaј.

Покрај тоа, во соработка на Версај и музејот „Ермитаж“ во Санкт Петербург, во Русија ќе биде отворена изложба за посетата на рускиот цар Петар I на Франција во 1717.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın