свет

Рамазанските фенери, симбол на месецот на постот Рамазан во Египет

Рамазанските фенери, кои се сметаат како еден од најзначајните симболи на месецот на постот Рамазан во Египет, и оваа година ги украсуваат балконите на куќите, како и улиците

Aydoğan Kalabalık  | 26.05.2017 - Обновена : 28.05.2017
Рамазанските фенери, симбол на месецот на постот Рамазан во Египет

Al Qahirah

КАИРО (АА) - Рамазанските фенери, кои се сметаат како еден од најзначајните симболи на месецот на постот Рамазан во Египет, и оваа година ги украсуваат балконите на куќите, како и улиците, јавува Anadolu Agency (AA).

Населбата Сејиде Зејнеб, во главниот град на Египет, Каиро, е место каде што најмногу се изработуваат овие фенери направени од разни видови дрво и метал. Во ова област, голем број египетски мајстори за фенери го покажуваат својот талент изложувајќи ги фенерите украсени со шарени стакла. Египќаните секоја година ги украсуваат своите домови со рамазански фенери, но оваа година се жалат од високите цени.

Инас Мухамед, домаќинка, во својата изјава за АА истакна дека оваа година цените на фенерите се повисоки, но сепак нема да се откаже од купување на празничниот фенер. „Мајка сум на три деца. Сакам да им купам по еден фенер за секое од моите деца. Но, оваа година цените се многу повисоки. Годинава цената на еден фенер е 150 џунејхи (египетска валута; околу 8 долари). Затоа ќе можам да купам само еден фенер“, вели Мухаммед.

Исто така, мајсторот за фенери Насир Мухамед се жали од зголемувањето на цените на фенерите. Мухамед вели дека по девалвацијата во ноември 2016 година, сѐ се поскапило во земјата. Тој истакна дека зголемувањето на цените на материјалите што се користат за правење фенери негативно влијале на цената на производот.

Минатата година, како што рече Мухаммед, малите фенери ги продавале за 25 џунејхи (околу 1,3 долари), додека оваа година се принудени да ги продаваат за 43 џунејхи (околу 2,3 долари).

Тој истакнува дека занаетот за изработка на фенери го научил од своите татко и дедо. „Користам метал за правење фенери. Со цел светлоината убаво да се рефлектира, употребувам стакла со различни бои и форми. Со поставување на ламбата внатре, го комплетирам фенерот“.

Покрај металните фенери коишто во Египет се прават веќе десетици години, во последните години на пазарот можат да се забележат и дрвени фенери.

Младиот мајстор, Пасенд Хани истакна дека прави фенери во различни форми, користејќи само дрво. Тој пренесе дека со цел да го повлече вниманието на децата, фенерите ги изработува со фотографии од деца, како и со ликови од цртаните филмови.

Хани додаде дека минатата година направиле 15.000 дрвени фенери, но оваа година поради економската состојба во земјата направиле само 5.000 фенери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.