свет

Расте бројот на жртвите од нападот на базата во Авганистан: Загинаа 140 војници

Директорот на здравствениот центар Мирваис Раби потврди дека меѓу ранетите има и оние кои се во тешка здравствена состојба

Sayed Khodaberdi Sadat  | 22.04.2017 - Обновена : 23.04.2017
Расте бројот на жртвите од нападот на базата во Авганистан: Загинаа 140 војници

Afghanistan

МЕЗАР-И-ШЕРИФ (AA) - Најмалку 140 припадници на војската се убиени во нападот на талибаните на авганистанската база на подрачјето Белха на северот на оваа земја, јавува Anadolu Agency (AA).

Оружениот напад на 209. корпус на авганистанската војска се случи вчера, а по повеќечасовните судири се неутрализирани напаѓачи на воената база.

Саукадин Сука, член на граѓанскиот совет Белха, потврди дека загинаа 140 припадници на безбедносните сили а дека 150 се ранети.

Изрази загриженост дека бројот на мртвите би можел да биде зголемен. Директорот на здравствениот центар Мирваис Раби потврди дека меѓу ранетите има и оние кои се во тешка здравствена состојба.

Неименуван воен функционер рече дека околу 10 напаѓачи во две воени возила отворија оган на два влеза во базата. Во текот на нападот е убиен голем број на војници кои во тоа време биле во џамијата и кафетеријата.

„Некои напаѓачи носеа самоубиствен елек. Уште не ни е јасно како можеле да влезат на подрачје каде се преземени големи безбедносни мерки", изјави тој.

Одговорност за нападот презедоа талибаните, а гласноговорникот на таа организација Забихула Мучати рече дека претходно, со четири возила, го извидувале ова подрачје.

Оваа база е најголемата воена база на северот на Авганистан во која се обучуваат илјадници припадници на безбедносните сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın