свет

Реакции за терористичкиот напад во Истанбул: Путин упати телеграма со сочуство до Ердоган

Нападот во кој загинаа 38 лица го осуди и францускиот претседател Франсоа Оланд, како и амбасадорите на неколку земји во Анкара

Ekip?  | 11.12.2016 - Обновена : 11.12.2016
Реакции за терористичкиот напад во Истанбул: Путин упати телеграма со сочуство до Ердоган

Moskva

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, по повод терористичкиот напад во Истанбул, на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, му упати телеграма со сочуство, јавува Anadolu Agency (AA).

Путин истакнува дека случувањата во Истанбул докажуваат дека во меѓународната борба против тероризмот се потребни заеднички напори.

Во пораката објавена на официјалната страна на Кремљ, Путин го осуди злобниот и неморален напад, и со истакна дека оние кои го направиле ова злосторство ќе одговараат за тоа. Рускиот претседател на семејствата на загинатите во нападот им изрази сочуство, а на ранетите им посака побрзо закрепнување. Путин додаде дека случувањата во Истанбул докажуваат дека во меѓународната борба против тероризмот се потребни заеднички напори.

Нападот остро го осуди и претседателот на Франција, Франсоа Оланд.

„Остро го осудувам терористичкиот напад во Истанбул, во кој загинаа голем број луѓе. Франција пред овој нов проблем на Турција и пружа целосна поддршка”, истакна Оланд на профилот на Твитер.

Терористичкиот напад во Истанбул го осудија и амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Украина и Австрија во Анкара. Во нападот загинаа 38 лица, од кои 30 полициски службеници, седум цивили и едно неидентификувано лице.

Во болниците се хоспитализирани 155 ранети. Турските официјални лица претходно соопштија дека се приведени 13 осомничени лица. Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека првичните резултати од истрагата укажуваат дека нападот бил дело на припадниците на терористичката организација ПКК.

Синоќа околу 19:30 часот по средноевропско време, во центарот на Истанбул одекнаа две силни експлозии. Првата експлозија беше автомобил-бомба, а другата беше активирана од бомбаш-самоубиец. Терористичкиот напад се случи пред стадионот на Фудбалскиот клуб Бешикташ и тоа помалку од два часа по завршување на фудбалскиот натпревар.

Во Турција е прогласена еднодневна жалост, а вицепремиерот Нуман Куртулмуш претходно изјави дека прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека зад терористичкиот напад најверојатно стои терористичката организација ПКК.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.