свет

Режимот на Асад ја претвори Источна Гута во руина

Во областа Хареста во Источна Гута каде е под блокада скоро 5 години од Асадовиот режим, е под тешки воздушни и копнени напади, а жителите на регионот продолжуваат да живеат со надеж, трпеливост и страв

Adham Kako, Mohamad Misto  | 17.02.2018 - Обновена : 18.02.2018
Режимот на Асад ја претвори Источна Гута во руина

Guta

ИСТОЧНА ГУТА/АНКАРА (АА) - АДХАМ КАКО/МУХАМЕД МИСТО -

Во областа Хареста во Источна Гута каде е под блокада скоро 5 години од Асадовиот режим, е под тешки воздушни и копнени напади, а жителите на регионот продолжуваат да живеат со надеж, трпеливост и страв, јавува Anadolu Agency (AA).

Источна Гута, која се наоѓа источно од главниот град Дамаск е под опсада на режимот на Асад и неговите поддржувачи, околу 5 години.

Ва регионот кој е под контрола на поддржувачите на опозицијата непрекинато продолжува воздушни и копнени напади.

Хареста, една од областите на Источна Гута, е цел на насилни напади од 14 ноември 2017 година.

Стотици семејства мигрираат во релативно помирни и безбедни области поради интензивното бомбардирање и го продолжуваат својот живот во засолништа.

Иако режимот тврди дека е насочен кон „терористички“ области , фотографиите и снимките од областа јасно покажуваат дека бомбардирањето е насочено кон цивили.

На фотографиите е прикажано дека има многу малку цивили на улиците во кои куќите станале неупотребливи.

Некои деца кои ја користат краткотрајноста на прекинот на нападите поради дождливото време, се обидуваат за момент да заборават на тешка болка играјќи меѓу урнатите улици, а некои деца носат леб во своите домови.

Децата од Источна Гута сонуваат за денови кога нападите ќе завршат и ќе можат безбедно да одат во нивните училишта.

Цивилите во округот продолжуваат да го живеат животот меѓу звуците на бомби и вестите за смртта.


- 2.700 семејства живеат во засолништа

Претседателот на парламентот во областа Хареста Хусам Бејрути за АА изјави: „Силите на режимот во последните 3 месеци поради контролата на опозицијата на регионот, интензивно ги бомбардираат цивилите. Режимот и некои воени места се многу блиску до нашата област, така што постојано населението им е цел“.

„Силите на режимот ја бомбардираа Хареста со тешко оружје. Во областа 2.700 семејства се наоѓаат во засолништа и подруми поради напади“, рече тој.

Бејрути истакна дека семејствата кои остануваат во засолништата се во тешка ситуација, многу семејства не биле во можност да добијат помош и имаат проблеми во обезбедувањето на здравствени услуги.

Голем број на семејствата го напуштиле градот како резултат на нападите. „Пред три месеци живееја 3.900 семејства каде што околу 200 семејства мораа да мигрираат во внатрешните региони“, рече претседателот.

- Околу 166 цивили загинаа за 3 месеци

Според извештајот на локалното собрание на округот на 14 ноември 2017 - 7 февруари 2018 година, 166 цивили загинале, меѓу кои 13 деца, поради нападите на режимот.

Како и другите области и градови во Источна Гута, и Хареста е под блокада на режимот веќе 5 години.

Силите на режимот, од 14 ноември продолжуваат да ја бомбардираат интензивно зоната на деескалација, Источна Гута.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın