свет

Реконструкции на владиниот кабинет во Саудиска Арабија

За амбасадор на Саудиска Арабија во Вашингон е поставен емирот Халид бин Селман, додека емирот Абдулазиз бин Селман е новиот министер за енергетика

Ramazan Turgut  | 23.04.2017 - Обновена : 24.04.2017
Реконструкции на владиниот кабинет во Саудиска Арабија

Riyad

РИЈАД (АА) - Селман бин Абдулазиз, кралот на Саудиска Арабија со низа кралски декрети изврши смена на повеќе од 40 високи функционери во земјата, меѓу кои се и амбасадорот на Саудиска Арабија во Вашингтон, заменик-претседателот на разузнавачката служба, командантот на копнените сили и некои министри и други официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Во писмената изјава која ја даде кралскиот совет се вели дека Кралот Селман со новите декрети ги поставил своите два сина на високи државни функции. За амбасадор на Саудиска Арабија во Вашингон е поставен емирот Халид бин Селман, додека емирот Абдулазиз бин Селман е новиот министер за енергетика.

На местото на заменикот претседатал на разузнувачката служба чиј мандат завршил, поставен е портпаролот на коалицијата, Ахмед Хасан Асири.

За министер за култура и информации е именуван Авад Ал-Авад.

Кралот Селман исто така ги укина и сите мерки на заштеда кои беа воведени во септември мината година поради економската криза во земјата, истовремено наградувајќи ги со две плати војниците и членовите на безбедносните сили кои учестуваа во војната против Хусите.

Саудиска Арабија која е најголем извозник на нафта во светот, тешко е погодена од неодамнешниот пад на цената на енергенси во светот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.