свет

Рекорден пораст на барателите на азил во Франција

Албанија е на врвот на листата земји со 7.630 барања за азил, Авганистан е на второ место со 5.987 барања, потоа Хаити со 4.934, Судан со 4.486 и Гвинеја со 3.780 барања за азил.

Hajer M'tırı  | 08.01.2018 - Обновена : 09.01.2018
Рекорден пораст на барателите на азил во Франција

Ile-de-France

ПАРИЗ (АА) - Бројот на баратели на азил во Франција се зголеми за 17 отсто минатата година, во споредба со порастот од 16 отсто во 2016 година, пренесува Anadolu Agency (AA).

Паскал Брис, генералниот директор на Француската канцеларија за заштита на бегалците и лицата без државјанство (Ofpra), за францускиот канал CNEWS (СиЊуз) изјави дека ова е прва толку висока бројка на баратели на азил во изминатите 40 години, која достигнала рекорден пораст со 100.412 барања.

На повеќе од една третина од нив, речиси на 43.000 лица, барањата за азил им биле одобрени во 2017 година и добиле статус на бегалци.

Брис особено го нагласи големиот пораст на бројот на барања од бегалците од Албанија и Западна Африка.

Албанија е на врвот на листата земји со 7.630 барања за азил, Авганистан е на второ место со 5.987 барања, потоа Хаити со 4.934, Судан со 4.486 и Гвинеја со 3.780 барања за азил.

„Но тоа не е масовен прилив, ние можеме да се справиме со ситуацијата во нашата земја“, рече Брис.

Тој додаде дека просечниот период на чекање за обработка на барањата се намалил на речиси три месеци, а Француската канцеларија за заштита на бегалците ги продолжува своите напори за постигнување на целта од два месеци во 2018 година, поставена од францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон и неговата влада подготвуваат нов закон за азил и мигарции, но беа критикувани за вршење притисок на мигрантите и пропусти во однос на барателите на азил.

Откако Макрон ја презеде функцијата во мај минатата година, тој нагласи дека бегалците во Франција се добредојдени, велејќи дека до крајот на 2017 година сака да ги тргне од улиците.

Во јуни, премиерот Едуард Филип, изјави дека 40 отсто од барателите на азил и бегалците немаат пристап до живеалишта, а сегашните 80.000 домови и засолништа ќе се зголемат за 12.500 во 2018 и 2019 година.

Но, овој месец, стотици бегалци сè уште спијат на улиците во Париз и во Кале, и се жалат на полициското насилство.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.