свет

Рохани повика на единство на Палестинците и муслиманите за заштита на Кудс

„Во овие околности, сите Палестинци и муслимани мора да бидат единствени и подготвени силно да одговорат на американските и на израелските потези“

Gülşen Topçu  | 12.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Рохани повика на единство на Палестинците и муслиманите за заштита на Кудс

Teheran

ТЕХЕРАН (АА) - Претседателот на Иран, Хасан Рохани, ги повика Палестинците и нивните политички групи да бидат единствени наспроти одлуката на САД за признавање на Кудс како главен град на Израел, пренесува Anadolu Agency (AA).

Иранската новинска агенција ИРНА објави дека во врска со ситуацијата со Кудс, Рухани оствари телефонски раговор со политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханија.

„Во овие околности, сите Палестинци и муслимани мора да бидат единствени и подготвени силно да одговорат на американските и на израелските потези“, рече Рохани во таа пригода и додаде дека интифадата ќе трае сѐ додека Палестинците не се изборат за своите законски права. 

Најостро осудувајќи ја одлуката на САД за Кудс, Рухани рече дека САД и Израел го покажале своето вистинско лице. 

Лидерот на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханија, во оваа пригода ги повика сите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) на утрешниот самит на лидерите во Истанбул да заземат став за поддршка на палестинскиот народ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın