свет

Русија ги повлекува своите единици од Сирија

Путин: „Нашите единици од Сирија се враќаат дома со победа. Оваа победа е извојувана наспроти една од најголемите меѓународни терористички организации во светот”

Emre Gürkan Abay  | 11.12.2017 - Обновена : 12.12.2017
Русија ги повлекува своите единици од Сирија Фото: Кремљ

Moskova

МОСКВА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин, издаде наредба за повлекување на руските единици од Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Руската новинска агенција „РИА Новости“ објави дека Путин, пред да ги посети Турција и Египет, ја посетил воената база Хмејмим, во областа Латакија во Сирија.

Во веста се наведува дека Путин во базата се сретнал со претседателот на Сирија, Башар Ал Асад, истакнувајќи дека по средбата со сирискиот претседател, Путин наредил повлекување на руските единици од Сирија.

За време на својата посета на Сирија, Путин изјави: „На Министерството за одбрана и на Генералштабот на руската војска им издадов наредба да го започнат процесот на повлекување на руските воени единици од Сирија. Нашите единици од Сирија се враќаат дома со победа. Оваа победа е извојувана наспроти една од најголемите меѓународни терористички организации во светот“.

Претседателот на Комитетот за одбрана на Советот на Руската Федерација, Виктор Озеров, во Москва изјави дека руските единици наскоро ќе полнат да ја напуштат Сирија, и додаде: „Очекуваме дека периодот на повлекување на единиците најверојатно ќе потрае неколку недели“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.