свет

Русија го исплати и последниот долг на Советскиот Сојуз

Русија со последната исплата кон Босна и Херцеговина го исплати сиот заостанат долг на Советскиот Сојуз

Emre Gürkan Abay  | 22.08.2017 - Обновена : 22.08.2017
Русија го исплати и последниот долг на Советскиот Сојуз

Moskva

МОСКВА (АА) - Со исплатата од 125 милиони долари кон Босна и Херцеговина, Русија го исплати и последниот заостанат долг на Советскиот Сојуз, јавува Anadolu Agency (AA).

Руското Министерство за финансии соопшти дека со исплатата од 125 милиони долари, Русија го затворила и последниот заостанат долг на Советскиот Сојуз.

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, Русија ја презеде одговорноста за најголемиот дел од долгот на поранешниот Советски Сојуз кон западните земји, во висина од 66 милијарди долари.

Со растот на цената на нафтата, Русија успеа да го опорави својот буџет и го исплати долгот во висина од 60 милијарди долари кон 19 земји од Парискиот клуб, меѓу кои се САД и Велика Британија.

Својот долг кон Словенија, Македонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, т.е. долгот кон поранешните републики на Сојузна Федеративна Република Југославија, Русија во потполност го исплати во периодот од 2011 до 2016 година.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.