свет

Русија: Путин се искапе во студената вода на езерото Селигер

Рускиот претседател, Владимир Путин се искапе во студената вода на езерото Селигер, по повод традиционалната прослава на празникот Водици

Kemal Zorlak  | 19.01.2018 - Обновена : 21.01.2018
Русија: Путин се искапе во студената вода на езерото Селигер

Moscow

МОСКВА (АА) - Рускиот претседател, Владимир Путин се искапе во студената вода на езерото Селигер, по повод традиционалната прослава на празникот Водици, јавува Anadolu Agency (AA).

Во знак на одбележување на овој пранзик, Путин во Тверската област, северно од Москва, и пријде на водата во крзнен капут, а потоа влезе во студената вода и се прекрсти.

Овој чин е извршен со присуство на престатвникот на Руската православна црква, а беше пропратено од голем број на претставници на медиуми.

Традиционалната прослава на Водици е одбележана и ширум Русија но и во другите делови на светот, каде православните верници се капеа во студената вода.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.