свет

Русија: Спречен терористички напад, две лица се уапсени

Станува збор за државјанин на Русија и државјанин на една од поранешните советски републики во Средна Азија, чии идентитети не се познати

Ekip  | 26.04.2017 - Обновена : 26.04.2017
Русија: Спречен терористички напад, две лица се уапсени

Russia

МОСКВА (АА) - Руската Федерална служба за безбедност (FSB) соопшти дека на островот Сахалин, на рускиот далечен исток се уапсени двајца припадници на терористичката организација ДЕАШ, кои како што се наведува, се сомничат за планирање терористички напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за државјанин на Русија и државјанин на една од поранешните советски републики во Средна Азија, чии идентитети не се познати.

Двајцата осомничени се уапсени во апартман во градот Јужно-Сахалинск, главен град на островот Сахалин во северниот Пацифик.

ФСБ соопшти дека за време на претресот се пронајдени рачно изработени експлозиви и пропагандна литература на ДЕАШ.

Русија ги заостри мерките за безбедност по бомбашкиот напад во Санкт Петербург на 3 април, кога загинаа 14 лица. За експлозијата во подземната железничка станица осомничен е руски државјанин со потекло од Киргистан.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın