свет

САД: Државата одби да издаде документ на презиме Алах, семејството поднесе тужба

Родителите Елизабет Хенди и Билал Вок, кои живеат во сојузната американска држава Џорџија, сакале да ја наречат својата ќерка Залиха Грејсфул Лораина Алах, што не им било дозволено од државата

Dildar Baykan  | 28.03.2017 - Обновена : 29.03.2017
САД: Државата одби да издаде документ на презиме Алах, семејството поднесе тужба

Atlanta

АТЛАНТА (АА) - Откако властите не му дозволија на семејство во САД на 22-месечната ќерка да ѝ го дадат презимето Алах, следуваше и судска постапка против сојузната држава Џорџија, јавува Anadolu Agency (AA).

Весникот „Атланта журнал-конститушн“ јавува дека родителите Елизабет Хенди и Билал Вок, кои живеат во сојузната американска држава Џорџија, сакале да ја наречат својата ќерка Залиха Грејсфул Лораина Алах, што не им било дозволено од страна на државата.

Родителите со поддршка на Американската унија за граѓански слободи (АЦЛУ) започнаа постапка, а доколку државата не издаде матичен извод, девојчето не ќе може да добие број за социјална заштита.

Брачниот пар Вок-Хенди одлучија да ѝ го дадат презимето Алах на својата ќерка, и сметаат дека станува збор за чесно презиме.

Таткото на девојчето вели дека имаат индивидуално сфаќање како да постапат кога станува збор за избраните имиња и дека не сакаат да даваат детали бидејќи не се битни.

„Битно е она што го велат законите и правата коишто ние ги имаме како родители. Ова е повреда на нашите права“, изјави Вок.

Адвокатот на семејството, Мајкл Баумринд, изјави дека семејството одлучува за името на детето, а не државата, и дека тоа е многу јасно.

Официјалните претставници на државата изјавија дека според државните закони, на матичниот извод на детето треба да биде назначено презимето на таткото или мајката или комбинација од двете.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın