свет

САД: Едно лице загина, 15 се повредени во престрелка во ноќен клуб

„Неколку полицајци го обезбедуваа клубот и се обидоа да му пружат прва помош на лицето кое им подлегна на повредите при пукањето“

Ekipa  | 26.03.2017 - Обновена : 27.03.2017
САД: Едно лице загина, 15 се повредени во престрелка во ноќен клуб

Cincinati

СИНСИНАТИ (АА) - Најмалку две лица отворија оган врз посетителите на ноќен клуб синоќа во градот Синсинати, во американската сојузна држава Охајо, при што загина едно, а беа повредени повеќе од десетина лица во инцидент кој властите го опишаа како хаотична сцена, јавува Anadolu Agency (AA).

Причините за пукањето во клубот „Камео“ сè уште не се познати, а властите се во потрага по осомничениот.

„Синоќа во клубот имаше главно млада публика. Имавме инциденти и во минатото, но овој досега е најлошиот“, истакна капетанот Ким Вилијамс.

„Неколку полицајци го обезбедуваа клубот и се обидоа да му пружат прва помош на лицето кое им подлегна на повредите при пукањето“, додаде Вилијамс.

Во инцидентот беа повредени 15 лица, некои отидоа сами до болница, додека другите беа транспортирани со брза помош. Локалниот печат наведува дека од лицата кои се наоѓаат на лекување во болница, едно лице се наоѓа во критична состојба.

Полицијата испита неколку очевидци од инцидентот, но според Вилијамс, голем број од посетителите веднаш по пукањето го напуштиле клубот.

„Најголемиот проблем кога има толку голема гужва и доаѓа до пукотници е тоа што повеќето од нив исчезнуваат од местото“, изјави Вилијамс.

Полицијата побара од сите оние кои имаат било какви информации да се јават.

Вилијамс додаде дека се проверува дали работеле безбедносните камери.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın