свет

САД на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија испорачаа 120 оклопни возила

Според локалните извори, американските сили минатата недела на ПКК/ПЈД и испорачаа оклопни возила на граничниот премин Симелка на ирачко-сириската граница

Mohamad Misto  | 21.11.2017 - Обновена : 22.11.2017
САД на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија испорачаа 120 оклопни возила

Haseke

ХАСЕКЕ/АНКАРА (АА) - САД на терористичката организација ПКК/ПЈД во Сирија и испорачаа 120 оклопни возила, јавува Anadolu Agency (AA).

Според локалните извори, американските сили минатата недела на ПКК/ПЈД и испорачаа оклопни возила на граничниот премин Симелка на ирачко-сириската граница.

Терористичката организација ПКК/ПЈД наводно планира оклопните возила и на стотици милитанти да ги распореди во сирискиот град Африн, кој се наоѓа во близина на градот Хатај во Турција.

ПКК/ПЈД за транспортот за оружје веројатно ќе го користи коридорот во Алепо, кој е под контрола на силите на Асад и групите лојални на Иран.

САД и претходнопреку Ирак на ПКК/ПЈД испорачуваше илјадници шлепери и камионите натоварени со оружје, возила и муниција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın