свет

САД не го поддржуваат референдумот за независноста на северен Ирак

Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон порача дека неговата земја не го поддржува референдумот за независноста на северен Ирак, чије одржување е планирано за 25 септември

Haydar Hadi  | 24.06.2017 - Обновена : 25.06.2017
САД не го поддржуваат референдумот за независноста на северен Ирак

Baghdad

БАГДАД (АА) - Министерот за надворешни работи на САД, Рекс Тилерсон порача дека неговата земја не го поддржува референдумот за независноста на северен Ирак, чие одржување е планирано за 25 септември, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението од Канцеларијата на ирачкиот премиер Хајдар ал Ибади наведено е дека Ибади извршил телефонски разговор со американскиот шеф на дипломатијата Рекс Тилерсон.

„Тилерсон порача дека не го поддржува референдумот кој планира да го спроведе Регионалната курдска управа на северниот дел на Ирак. Тој нагласи дека за стабилноста и повторната изградба на земјата е неопходно да се вложат заеднички напори и да се соработува со централната влада во земјата”, се наведува во соопштението.

За време на разговорот се зборуваше и за акцијата на ослободување на Мосул, како и последните посети на Ибади, во рамките на кои престојувал во Саудиска Арабија, Иран и Кувајт.

Претседателот на Курдската регионална управа на северен Ирак (IKBY) Месут Барзани, изјави дека нема да се откаже од одлуката на распишување на референдум за независноста, и дека се работи за одлука за која не може да се направи чекор назад.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.