свет

САД: Сешнс негира каква било несоодветна соработка со Русите

„Се повлеков од каква било истрага во врска со кампањите за претседател, но не се повлеков од одбрана на мојата чест против вугларните и лажни обвинувања“

Michael Hernandez  | 14.06.2017 - Обновена : 14.06.2017
САД: Сешнс негира каква било несоодветна соработка со Русите

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Главниот американски правобранител, Џеф Сешнс, за време на вчерашното сослушување во Конгресот цврсто негираше дека имало какви било несоодветни контакти со руските официјални претставници, јавува Anadolu Agency (AA).

„Се повлеков од каква било истрага во врска со кампањите за претседател, но не се повлеков од одбрана на мојата чест против вугларните и лажни обвинувања“, изјави Сешнс пред Комитетот за разузнување на Сенатот.

Тој ги отфрли тврдењата дека соработувал со Русија за да го измени резултатот од претседателската трка во 2016 година, во корист на претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи го ваквото тврдење „одвратна лага“.

Објаснувајќи ја својата одлука за повлекување од каква било истрага на Министерството за правда во врска со улогата на Русија во изборите, тој негираше дека сторил нешто погрешно во процесот на донесување одлуки, велејќи дека направил сѐ во согласност со регулативата на одделот што забранува вработените да учествуваат во истраги во врска со кампањата ако тие биле вклучени во таа кампања.

Сешнс беше заменик на Трамп во кампањата за време на минатогодишната претседателска трка.

Тој исто така изјави дека неговото повлекување не било пречка да му даде препорака на Трамп да го разреши директорот на ФБИ, Џејмс Комеј, бидејќи бирото ја истражуваше можната соработка меѓу тимот на Трамп и она што официјалните разузнавачки претставници на САД го нарекоа кампања на влијание.

„Тоа не го помина тестот за мирис“, истакна сенаторот Рон Вајден.

За време на сесиите со многумина од Комитетот, особено демократите, тој постојано беше обвинуван дека избегнува да одговори на прашањата во врска со неговите разговори со претседателот.

„Го попречувате сослушувањето“, рече сенаторот Мартин Хенрих.

Сешнс тоа цврсто го негираше и инсистираше дека ја следи историската политика на Министерството за правда.

Тој рече дека додека Трамп не се повик на извршната привилегија, тој барал да го заштити правото на претседателот да го потврди тоа доколку така одлучи.

Кратко по сослушувањето, Сенаторот Камала Харис ги отфрли образложенијата на Сешнс, оспорувајќи го постоењето на неговата исторска политика.

„Неприфатливо е тоа што Сешнс (највисокиот официјален претставник на спроведување на законот во земјата) не може да се повика на правна основа за избегнување на прашања“, напиша на „Twiter“ (Твитер), Харис, поранешниот јавен обвинител на Калифорнија.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.