свет

САД: Стивен Мнучин положи заклетва како министер за финансии

За време на церемонијата во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп го нарече Мнучин финансиска легенда со неверојатен постигнат успех, кој сега ќе работи за американските даночни обврзници

Canberk Yüksel  | 14.02.2017 - Обновена : 15.02.2017
САД: Стивен Мнучин положи заклетва како министер за финансии

New York

ЊУЈОРК (АА) - Стивен Мнучин вчера положи заклетва како министер за финансии на САД, откако во Сенатот беше изгласан со 53 гласа од републиканците и 47 гласа од демократите, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на церемонијата во Белата куќа, претседателот Доналд Трамп го нарече Мнучин финансиска легенда со неверојатен постигнат успех, кој сега ќе работи за американските даночни обврзници.

„Тој ќе работи 24 часа на ден, го познавам. Тој ќе работи и 28 часа дневно ако му дадат уште четири часа“, изјави Трамп.

Се очекува Мнучин да му помогне на Трамп да го исполни неговото ветување за големи даночни реформи, како и да игра клучна улога во санкциите против странските земји, групи и поединци.

На гласањето во Сенатот за одобрување на номинацијата на Мнучин, републиканскиот сенатор Орин Хеч од Јута, кој го води Комитетот за финансии на Сенатот, го поздрави искуството на бизнисменот за управување со големи и сложени претпријатија од приватниот сектор, во преговорите за тешки договори, донесувањето тешки одлуки и за земањето одговорност за тие одлуки.

Сепак, демократите ја осудија стратегијата на бизнисот на Мнучин во приватниот сектор. Сенаторот на Мичиген, Деби Стабенов изјави: „Г-дин Мнучин ја изгради својата кариера профитирајќи од несреќата на работните луѓе“.

Стабенов се осврна на колапсот во 2008 година на банката „ИндиМак“ и на иницијативата на Мнучин за купување на банката една година подоцна, со група инвеститори. Тие потоа ја преименуваа банката во „Оневест“, ја опоравија, пред да ја продадат профитирајќи во 2014 година.

„Банката под водство на Мнучин беше озлогласена за водење особено агресивна улога во преземањето на имотот на сопствениците на куќи што се бореа со кредити“, вели Стабенов.

Педесет и седумгодишниот лекар, кој беше највисок официјален претставник на одделот за здравство, ја доби поддршката од демократите за неговото залагање дека ќе ги третира како приоритетни прашањата на ветераните во однос на политиката на партијата. Тој ја отфрли приватизацијата на одделот или наредбата за масовна замена на персоналот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.