свет

САД ја повикаа Турција да не презема никакви чекори по прашањето за Африн

„Ја повикуваме Турција да не презема никакви чекори по прашањето за Африн. Сите мораме да се фокусираме на ДЕАШ“, изјави Хедер Нојерт, портпаролката на Стејт департментот

Muhammed Bilal Kenasari  | 19.01.2018 - Обновена : 19.01.2018
САД ја повикаа Турција да не презема никакви чекори по прашањето за Африн

Washington

ВАШИНГТОН (АА) - Стејт департментот ја повика Турција да не презема никакви чекори по прашањето за Африн во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

„Ја повикуваме Турција да не презема никакви чекори по прашањето за Африн. Сите мораме да се фокусираме на ДЕАШ“, изјави Хедер Нојерт, портпаролката на Стејт департментот на дневната прес-конференција.

Таа истакна дека не знаат дали Турција ќе изврши операција врз Африн.

На прашањето како ја коментира изјавата на турскиот шеф на дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кој порача дека „Турција не е задоволна и покрај изјавите на САД“, истакна дека не знае за споменатите изјави на турскиот министер.

„Не ги видов изјавите, но жал ми е ако така се чувствува“, изјави Нојерт.

Цитирајќи го државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, истакна дека Турција е запознаена со плановите на САД во врска со локалните сили во Сирија.

„Ја запознавме Турција за нашите намери со локалните сили. Локалните сили воспоставуваат безбедност во подрачјата одземени од ДЕАШ“, изјави Нојерт.

На крајот порача дека заедничката цел во Сирија мора да биде борбата против терористичката организација ДЕАШ.

Од друга страна, Пентагон претходно во текот на денот соопшти дека Сириските демократски сили (SDF), параванот на ПЈД/ПКК, се обучуваат за трансформација од борбени сили во „сили за воспоставување на стабилност“ и „сили за контрола на територијата.

Ерик Пахон, портпаролот на Пентагон, за АА ги коментираше дискусиите кои следуваа во врска со прашањето за формирање на „погранични безбедносни сили“ во Сирија.

Тој истакна дека тука станува збор за обука која е замислена за да се воспостави безбедност за повратниците во своите домови во Сирија.

Потсетуваме, САД неодамна најавија дека меѓународната коалиција против ДЕАШ предводена од САД, со Сириските демократски сили (SDG), група контролирана од терористичката организација ПЈД/ПКК, ќе основаат нови погранични безбедносни сили (BSF) од 30 000 војници.

Турција го осуди овој потег, истакнувајќи дека е погрешно и спорно да се соработува со терористичката организација ПЈД/ПКК во борбата против ДЕАШ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın