свет

Саудиска Арабија: Забрането снимање во светите џамии во Мека и Медина

Саудиска Арабија го забрани фотографирањето и снимањето во најсветите џамии во исламот, Големата џамија во Мека и Џамијата на пророкот во Медина

İlkay Güder  | 23.11.2017 - Обновена : 24.11.2017
Саудиска Арабија: Забрането снимање во светите џамии во Мека и Медина

Meka

MEKA (АА) - Саудиска Арабија го забрани фотографирањето и снимањето во најсветите џамии во исламот, Големата џамија во Мека и Џамијата на божјиот пратеник Мухамед во Медина, јавува Anadolu Agency (AA).

Саудиската Генерална дирекција за медиуми денеска соопшти дека Министерството за надворешни работи на оваа земја решението го донесе на 12 ноември.

Во соопштението се наведува со забраната се опфатени посетителите и медиумите, со цел да се заштитат светите места.

Покрај тоа, забраната важи и за подрачјата околу џамијата.

Како една од причините за воведување на оваа мерка, саудиските власти го наведуваат тоа што верниците биле вознемирувани за време на молитвата.

„Во случај на кршење на забраната што е наметната со цел да се обезбеди извршување на молитвите на подобар начин, предметите што се користат за снимање фотографии и видеозаписи ќе бидат одземени, а ќе бидат преземени и законски мерки“, се вели во соопштението.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.