свет

Саудиска Арабија: На жените им е дозволено да ги следат натпреварите на стадионите

Шефот на Бирото за спорт во Саудиска Арабија, соопшти дека се започнати подготовките со цел од наредната година, на трибините на стадионите, фудбалските натпревари да можат ги следат цели семејства

Ekipa  | 30.10.2017 - Обновена : 31.10.2017
Саудиска Арабија: На жените им е дозволено да ги следат натпреварите на стадионите

Riyad

РИЈАД (АА) - Властите на Саудиска Арабија најавија дека од следната година, жените ќе можат да гледаат фудбалски натпревари на три стадиони, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на Бирото за спорт во Саудиска Арабија, Турки бин Абдулмухсин, соопшти дека се започнати подготовките со цел од наредната година, на трибините на стадионите во Ријад, Џеда и во Дaмам, фудбалските натпревари да можат ги следат цели семејства.

Најавено е дека трибините за семејно следење на натпреварите ќе имаат и други содржини, како ресторани, кафулиња и специјални влезови со метални детектори.

Минатиот месец, на жените во Саудиска Арабија им беше дозволено да полагаат за возачки дозволи и да учествуваат во јавниот сообраќај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.